Apple работи на развивање на технологија која ќе им ја олесни циркулацијата на вработените низ огромните простори кои ги зафаќа кампусот во кој ќе биде сместена популарната компанија. Се работи за обид да се создаде автономно возило, на база на автомобил, кое би ги разнесувало вработените на посакуваните локации во кампусот без да има потреба истото да биде управувано од возач.

Според некои информации транспортот би го вршело стандардно комерцијално возило кое би било опремено со технологија за самонаведување. Ваквиот вид на транспорт би се инкорпорирал во сѐ уште неотворениот кампус на Apple во Купертино, кој се простира на огромна површина и се очекува вработените да имаат проблем при циркулацијата од место до место.

При разработката на новиот транспортен метод, се пристапи типично за Apple, така што компанијата ги разгледува сите аспекти на производот без позајмување технологии или концепти од автомобилската индустрија која во моментот е во трка токму на полето на автономното управување на возилата. На проектот работат ветерани од Apple, но и инжењери од областа на конструирање на автомобили. Па така, ова ќе претставува прво нивно впуштање во водите на автоиндустријата, а познавајќи го квалитетот на производите на Apple ситуацијата веќе би можела да се дефинира како алармантна кај конкурентите на кои производството на автомобили им е примарна дејност.

Извор: TechCrunch, The New York Times

Претходна статијаЕлон Маск сподели фотографија од скафандерите на SpaceX
Следна статијаSamsung ќе лансира и поевтина верзија на Galaxy Note 8, додека Note 7 корисниците ќе добијат огромен попуст