Од 25 до 29 октомври ТЕХНОМА 2017
во ВИП Арена „Борис Трајковски“

 Годинешното издание на меѓународната саемска манифестација ТЕХНОМА 2017 ќе се одвива на нова локација (ВИП Арена „Борис Трајковски“), во периодот од 25 29 октомври 2017 која денес беше свечено отворена од страна на Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и Даниела Глигоровска, извршен директор во Скопски саем.

„Важноста на оваа манифестација на сите ни е добро позната. Тука се практично излагачите од сите технички сфери на економското живеење во Република Македонија. Посебно ми е драго што има над стотина иновативни проекти од кои 90% се во сопственост на македонските граѓани. Тоа само покажува дека Македонија има иновативни граѓани и јас се надевам дека следната година ќе видиме некои од нив и како добри претприемачи на оваа манифестација. Значењето на оваа саемска манифестација за македонската економија е големо затоа што таа со самото тоа што постои 43 години само по себе говори за нејзината потреба и за нејзината важност. Ова е местото каде што стопанствениците се среќаваат меѓу себе, каде што компаниите имаат можност да ги изложат своите производи, а оние кои што имаат потреба од тие производи на едно место да се сретнат со излагачите, односно со понудувачите. Македонската влада ќе ги подржува и понатаму ваквите манифестации.“ истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„ТЕХНОМА 2017 е една од најстарите, а секогаш нова саемска манифестација. ТЕХНОМА годинава ја одржуваме на нова локација, во ВИП Арена „Борис Трајковски“, а во организација на Скопски саем која е единствена компанија за одржување на саемски манифестации. ТЕХНОМА 2017 е фокусирана да овозможи поттик на претприемачкиот и иновативниот дух, поддршка на претпријатијата, технологијата, науките, вештините и знаењето. Поттик за индивидуалците со иновативен потенцијал и истовремено поттик за инвестициите за постигнување на поефикасна продуктивност, позитивни резултати во индустриите како што се металургијата, енергетиката, градежништвото и сите останати кои се присутни на овој саем“ рече Даниела Глигоровска, извршен директор во Скопски саем. Таа додаде дека постојаното прилагодување на условите на пазарот или на иновативните циклуси во индустријата, добрата промоција и одличниот прием кај деловната публика е клучот за успехот и растот на секоја фирма која изложува директно или индиректно на оваа саемска манифестација.

Програмската шема на годинешното саемско претставување е богата
и опфаќа повеќе индустриски гранки:
 

ТЕХНОМА 2017 

  • Уреди, апарати, материјали и идејни решенија за затоплување
    и ладење на индустриски простори и домаќинства.
  • Машини и резервни делови за градежната механизација.
  • Опрема и резервни делови за автомобилската индустрија.
  • Осветлување и лед електроника.
  • Опрема за хотелиерство.
  • Апарати за чистење и одржување на јавни простори
    и домаќинства.
  • Заштитни огради.
  • Компјутерска периферија (принтери, скенери, итн.)
  • Апарати и идејни решенија за гравирање.
  • Стопанската комора на Република Хрватска ќе учествува со групно претставување на машини за производство на метални и пластични компоненти за индустриско означување на производи.
  • Унгарско-Македонската трговска комора ќе ги презентира можностите и условите за натамошна поинтензивна трговска соработка помеѓу двете земји.
  • Економскиот оддел при амбасадата на Република Австрија ќе претстави голем број на можни идни бизнис проекти и конекции.

 МАКИНОВА / ЕКОНОВА 2017 

  • На 37-то издание на Меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА 2017
    со свои патентирани иновации ќе се претстават 93 домашни пронаоѓачи
    и 11 странски иноватори.
  • Во рамките на ЕКОНОВА 2017 учество ќе земат завиден број членови на Младинското творештво со своите иновативни идеи и решенија од областа
    на екологијата.

Во текот на петте саемски денови повеќе од 120 компании индиректно ќе се претстават преку 60 директни учесници на околу 4000 м2 изложбена површина.  

Меѓународниот саем ТЕХНОМА 2017 веќе 43 години претставува успешен деловен настан специјализиран за прeтстaвницитe нa гoлeмитe, средните и малите дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, грaдeжништвoтo, обезбедување и заштита.

Меѓународната изложба ТЕХНОМА е високо почитуван саем кој уште од 1997 година како саемска манифестација е членка на UFI (Унија на меѓународни саем) со главно седиште во Париз.

ТЕХНОМА како бренд постои веќе четири децении каде претставниците на домашни и странски производители од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото, обезбедување и заштита ги претставуваат и промовираат своите иновативни и ефикасни производи и методи.
Воедно, на саемот ТЕХНОМА се претставуваат националните економии на многу земји, региони и со цел зголемување на соработката се организираат разни стручни програми и Б2Б средби. Имајќи го во предвид нивото на иновативноста кое се претставува и бројните бизнис можности ТЕХНОМА, секој пат е посетен од десетици илјади посетители од различни индустрии.

Работното време на саемот е од 10.00-19.00 часот, цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.

***

Придружен саемски настан: ТРИБИНА 

Тема: „Комерцијалните аспекти на иновацијата и финансиските можности за поддршка на истата – Искуства во Македонија и идни стратегии за развој на иновативните бизнис концепти?!“ 

Датум:    26.10.2017 (четврток)

Време:    11.00ч. -12.30ч.

Место:    Конгресен центар ВИП Арена – Спортски центар Борис Трајковски 

Претходна статијаFacebook тестира поделба на листата со новости на два дела
Следна статијаMicrosoft престана да го произведува Kinect