Неодамна, Google се претопи во Alphabet, компанија која е „мајка“ на Google и сите други придружни компании кои претходно беа под пребарувачкиот гигант. Сега, нова подружница на Alphabet ќе биде и Waymo, компанија која произлегува од бизнисот за автономни возила на Google.

Waymo ќе навлезе многу подлабоко во водите на автономните возила. Имено, компанијата ќе работи на таканаречениот “car sharing” во кој повеќе корисници ќе делат еден автономен автомобил, “trucking” односно камиони кои ќе се возат самите себеси и на крај за приватни возила.

Компанијата ќе биде поддржана од вложувања поддржани преку стартапи и лиценцата за технологијата која ќе ја развиваат, ќе може да ја купат други производители. Ова значи дека Google нема да произведува свој автомобил, туку ќе ја продава технологијата за автономно возење на производителите на автомобили.

Секако, компанијата Waymo најмногу ќе работи на подобрување на самиот автономен систем за возилата. Така, тие најавуваат многу поудобно возење за патниците (веројатно со помеки трнувања, забавувања и вртења на автомобилот), како и можност за автономно возење во силен дожд и други тешки услови на патот.

На чело на компанијата е поставен Џон Крафцик, кој беше на чело на одделот за автономни возила во Google и бивш вработен во Hyundai. Waymo е инаку голем чекор кон вистински напредок во технологијата за автономни возила, бидејќи е целосно само-одржлив бизнис, кој сигурно драматично ќе го забрза развојот.

Извор: Engadget, Tech Crunch, ARS Technica

Претходна статијаСтудии на далечина за лица со телесен инвалидитет
Следна статијаДостапен iOS 10.2 со нови функции и исправка на багови