Иако вселенските мисии веќе не се ексклузивни на државната агенција, има неколку приватни кои функционираат одлично, тоа не значи дека NASA не останува во трката за „освојување“ на вселената.

Тие имаа план да пратат човечка мисија на црвената планета, односно на Марс, до 2030тите години, каде што луѓето ќе можат да останат на планетата одреден период, па потоа безбедно да се вратат на Земјата.

За таа цел тие имаат развиено посебен систем на ракети, како и летало, кои треба да го овозможат патувањето на Марс.

Меѓутоа, изгледа предупредувањата и забелешките кои ги имаше добивано агенцијата изминатите години се покажаа како точни.

NASA „призна“ дека немаат доволно средства за да ги довршат потребните работи кои се потребни за реализирање на мисијата. Поточно, поради поголемите трошоци кои биле потребни за изградба на досегашните системи, од агенцијата се’ уште немаат почнато со изработка на системите кои ќе се користат за слетување на Марс, како и полетување од планетата.

Ова се разбира е важен дел од планот за одење на Марс, па додека не се реши проблемот со финансирањето, мисијата на NASA ќе треба да почека.

Од NASA истакнуваат дека се во можност да реализираат нова мисија на месечината, каде што би можело да се испрати човечки екипаж кој ќе остане подолг период и ќе врши истражувања.

Оваа база исто така е потребна доколку некогаш во иднина сепак се реши да се реализира мисијата на Марс, односно од месечината би започнало патувањето.

Може слободно да се каже дека е добро што во САД приватниот сектор е толку развиен, што веќе неколку други компании работат на свои планови за мисија на Марс. Една од тие компании е секако SpaceX на Елон Маск, кои сега за сега немаат проблеми во реализацијата.

SpaceX планира да прати летало на Марс до 2018 година, додека до 2025 година сакаат да пратат и човечки екипаж.

Извор: ArsTechnica, Engadget, Futurism

Претходна статијаЕлон Маск до американските гувернери: Вештачката интелигенција мора да се регулира пред да стане прекасно
Следна статијаБрод кој сам ја произведува потребната енергија тргна на 6-годишно патување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.