HST-SM4

Можеби најпознатиот за повеќето луѓе вселенски телескоп, Хабл, доби продолжување на периодот во којшто ќе функционира за дополнителни 5 години. НАСА го продолжи договорот за научни истражување на телескопот, што значи дека тој ќе функционира до 30-ти јуни 2021 година.

Шансите дека и по таа година ќе добие продолжување се мали, а посебно поради фактот што веќе се во изработка нови и понапредни телескопи кои ќе бидат лансирани до истекот на овој период и кои ќе треба да го заменат Хабл.

Инаку Хабл телескопот е лансиран во 1990 година и од тогаш претставува еден од најважните ресурси на астрономите за истражувањето на вселената. Неговата позиција, во ниската орбита на Земјата му дава голема предност во споредба со телескопите на земјата, па овој телескоп е заслужен за голем број на откритија во овие 26 години.

Продолжувањето на неговата работа ќе чини дополнителни скоро 200 милиони долари, со што вкупните трошоци досега изнесуваат 2 милијарди долари.

Хабл треба да биде заменет со James Webb Space Telescope, исто така од НАСА, кој ќе биде лансиран до 2018 година, а ќе треба да служи како инструмент на астрономите во наредните 10 години.

Извор: NASA, PM

Претходна статијаAndroid N ќе добие редизајнирани копчиња за навигација?
Следна статијаSamsung Notebook 7 Spin се Windows 10 лаптоп/таблет уреди со „360“ дисплеј
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.