Најпопуларниот светски веб-сајт за видео содржини YouTube најави редизајнирање на корисничкиот интерфејс на десктоп и на мобилната апликација. Според информациите кои ги споделија од компанијата на нивниот официјален блог, содржините ќе добијат повеќе простор, заменувајќи ги црвените ленти препознатливи за мобилната апликација. Понатаму, ќе биде вклучена функцијата за брзо премотување на видеата со едноставно двојно допирање на екранот, а се вели и дека ќе се „експериментира“ со менување на видеата со помош на „лизгање“ лево и десно.

Понатаму, што се однесува до квалитетот на самите видеа, подобрувања ќе бидат претставени во поглед на прилагодување на видеото на уредот преку кој се прикажува, а како најбитно од се, конечно е решен проблемот со популарно наречените „вертикални видеа“.

Што се однесува до десктоп верзијата, истата беше на тест изминатите неколку месеци, но од сега ќе биде достапна за сите корисници и ќе ја вклучува популарната „црна“ позадина. Покрај сите овие измени, како што е редот и логото ќе добие извесни измени, меѓутоа тоа нема да смени ништо кај просечниот корисник.

Се разбира, во наредните денови YouTube дополнително ќе ги изненадува корисниците со ситни но корисни измени кои не беа спомнати во иницијалното соопштение.

Да се надеваме дека издвоиле време да го подобрат алгоритмот кој стои зад Autoplay опцијата за видеата кои се пуштаат последователно да имаат каква-таква поврзаност.

Извори: YouTube Blog, AndroidCentral

 

Претходна статија“Infinity” дисплеите на Samsung со мала рамка се преселуваат и во поевтините модели
Следна статијаiPhone 7S и 7S Plus ќе бидат делумно поголеми од нивните претходници