Со оглед на фактот што Material дизајн правилата од Google постојат веќе неколку години и од компанијата постепено ги воведуваа во своите производи, чудно е што толку време се чекаше за еден од најпознатите, YouTube.

Како и да е, овој познат сервис од овој месец почнува со промена на својот изглед, па ќе биде целосно прилагоден со „материјалните“ правила.

Новиот изглед не е се’ уште достапен за сите официјално, што значи дека ќе треба да го вклучите самите. Истото може едноставно да го направите со посета на страната https://www.youtube.com/new и притискање на копчето „Try it now“.

Големи промени нема веднаш да забележите, затоа што тие сепак не ја менуваат основната структура на веб страната, туку одредени делови од корисничкиот интерфејс. Па така, она што е променето ги вклучува следните елементи:

  • Сликите од видеата се нешто поголеми
  • Текстот на насловите е црн, наместо син како досега
  • Сивата позадина е заменета со бела што го прави целиот изглед повеќе конзистентен
  • Левата лента е прилагодена да привлекува помалку внимание, а исто така и логото е помало
  • Каналите ќе ги прикажуваат видеата на целата страна, наместо предлозите од десниот дел.

Целта на овој редизајн е да се стави поголем акцент на содржината, што е еден од основните принципи на материјалниот дизајн, во овој случај на видео содржината.

Една од поинтересните работи со новиот дизајн е воведување на темна тема (Dark Theme). Истата можете да ја вклучите со притискање на вашата слика во горниот десен агол и избирање Dark Theme: On.

Темната тема сигурно ќе им се допадне на повеќето со оглед на фактот што овозможува уште поголем акцент на видеото коешто се гледа, а голем дел од корисниците имаат користено посебни додатоци на прелистувачите кои овозможуваа затемнување на страната околу видеото.

Извор: YouTube, Engadget, The Verge

Претходна статијаInstant Games – Facebook Messenger доби нова платформа за игри
Следна статијаFacebook Реакциите достапни и за коментарите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.