Можеби уште сме некоја година оддалечени од масовното користење на уреди со поддршка за 4K резолуција, меѓутоа тоа не значи дека не може да се тестира прикажувањето на ваквите содржини.
YouTube кои што веќе воведоа поддршка за прикажување на видеа снимени во 4К резолуција, започна тестирање на видеа кои што се снимени во 4К, меѓутоа со 60fps, односно 60 слики во секунда.
Се работи за доста големи фајлови, но и захтевни кои што просечниот компјутер нема да може да ги пушти, барем не без по некое сецкање или целосно кочење на видеото. Исто така, доколку не користите монитор со 4K резолуција, дури вашиот компјутер да е доволно јак за да го пушти видеото без никакви проблеми, нема да може да ја видите вистинската резолуција и квалитетот на сликата.
Како и да е, достапни се 6 видеа кои што ќе мора да ги гледате преку Chrome за да можете да ја изберете најголемата резолуција, односно 2160p60 4K. Видеата се дел од една плејлиста и можете да ги погледнете во продолжение.
Извор: TechCrunch