logo-with-background

Апликациите како WhatsApp и Viber својата популарност ја добија како едноставна алтернатива на испраќањето SMS пораки, искористувајќи ја денешната достапност на интернетот. Зошто со денешниот начин на користење на мобилните телефони со константно вклучен интернет, да испраќаме SMS пораки кои што често знаат да се наплаќаат дополнително кај одредени оператори.

Со тек на време овие апликации станаа толку популарни и масовно користени што може да се каже дека станаа конкуренција на другите достапни chat апликации како Skype на пример. За да можат навистина да конкурираат на Skype и слични, овие апликации е потребно да бидат достапни на повеќе платформи, освен на мобилните.

Достапноста на десктоп верзија од овие апликации го олеснува комуницирањето поради можноста да се користи обичната стара тастатура за пишување, наместо малата тастатура на допир на мобилните телефони. Viber веќе одреден период има десктоп апликација која што се покажа како навистина корисна. Разговорите помеѓу уредите се синхронизирани и се водат само на уредот кој што во моментот се користи, па другите нема да ви досаѓаат со нотификации.

WhatsApp, која што во одредени земји како САД е најпопуларна ваква апликација нема десктоп верзија од својата апликација, а веќе одреден период тоа се најавува и очекува од страна на корисниците.

Од оваа недела може да се каже дека WhatsApp до некаде станува достапен на десктоп. Тоа сепак не е во форма на десктоп апликација, меѓутоа главната предност сепак се добива. WhatsApp сега може да се користи преку веб, поточно моментално само преку Google Chrome.

Користењето е прилично едноставно, односно се што треба да се направи е да се отвори web.whatsapp.com со Chrome прелистувачот. На таа страна прикажан е QR код кој што треба да се скенира со мобилната апликација која што беше надградена исто така за да биде додадена оваа можност. Во менито на апликацијата е додадена whatsapp web опција која што се користи за скенирање на кодот и поврзување на сервисот.

whatsapp-web

После поврзувањето, на веб се прикажани сите разговори кои што се веќе започнати на мобилната апликација. Разговорите на било која апликација се синхронизираат, па се што ќе се започне на веб, може слободно да се продолжи преку мобилен покасно.

Оваа нова можност сепак не е достапна само за iPhone корисниците поради „ограничувања на платформата од Apple“ како што истакнуваат од WhatsApp во нивното известување. За какви ограничувања се работи не е истакнато, па останува да се види дали ова е нешто привремено.

Извор: WhatsApp

Претходна статијаMicrosoft го одржа Windows 10 настанот – Што беше претставено?
Следна статијаMicrosoft ги претстави холограмските “HoloLens” очила
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.