Twitter оваа недела го „освежи“ изгледот на своите мобилни апликации, како и мобилната верзија од својата веб страна. Не се работи за голема промена во корисничкиот интерфејс, односно поголем редизајн, туку за промена на малите детали кои сепак го подобруваат корисничкото искуство.

„Минатата година ви кажавме точно кои сме ( Twitter е тоа што се случува) и го освеживме нашиот бренд. Денеска, со голем број на повратни информации и идеи од вас, го освежуваме нашиот производ исто така и правиме да се чувствува полесен, побрз и полесен за користење. Слушавме внимателно и го задржавме тоа што ви се допаѓа. И за работите кои не ви се допаѓаа, пристапивме на нов начин да ги исправиме и направиме подобри.“.

Промените во апликациите ги вклучуваат следните:

  • Профилот, дополнителните сметки, прилагодувањата се преместени во ново странично мени за корисниците на iOS. Ова е стилот којшто веќе се користеше во Android верзијата од апликацијата.
  • Профилните слики се прикажуваат во нов кружен дизајн, којшто според компанијата овозможува многу поедноставно да се види кој и што објавува.
  • Дизајнот на иконите е целосно променет. Главната промена може да се забележи посебно кај иконата за одговарање на твитовите која сега е во форма на меур за разговор. Старата икона во форма на стрелка ги има бунето голем дел од корисниците.
  • Инстантно ажурирање на информациите со што ќе се овозможи подобро следење на случувањата.

Доколку сте активен твитерџија сигурно веќе ги имате забележано овие промени, а доколку се’ уште ја немате ажурирано својата апликација, истото можете да го направите преку соодветната продавница за апликации.

Извор: Twitter

Претходна статијаЕвропскиот Суд одлучи дека на интернет провајдерите може да им биде наредено да го блокираат The Pirate Bay
Следна статијаНовите iPhone-и ќе имаат безжично полнење, според производител на iPhone во Индија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.