twitter-heart

На 21-ви март 2006 со објавување на првиот твит во светот, основачот Џек Дорси ја започна социјалната мрежа која го промени начинот на објава на работите, а денеска е една од најкористените.

Познати по ограничувањето од 140 карактери во објавите, Twitter се проби како социјалната мрежа на којашто луѓето одат кога сакаат нешто брзо да дознаат. Преносите на одредени важни настани во живо се меѓу повеќе познатите намени на мрежата, нешто што остана една од главните карактеристики до денес.

Иако се’ уште важи за една од неколкуте главни, па може да се каже и единствени социјални мрежи, Twitter сепак се соочува со проблеми. Facebook се повеќе успева да се наметне како главната платформа за скоро сите видови на објави, па не може да се каже дека Twitter не трпи од оваа ситуација.

За својот „роденден“ Twitter спреми видео во коешто се истакнуваат главните предности за кои се користи оваа мрежа.

Извор: Twitter, The Verge, BBC

Претходна статијаКако да го гледате и што може да се очекува од денешниот Apple настан
Следна статијаТехнологија овозможува менување на изразот на лицето на личноста во видео во вистинско време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.