Дали некогаш временските услови, загаденоста, сообраќајниот метеж, далечината и зафатениот распоред ве спречиле во исполнувањето на образовните цели.

Денешниот брз начин на живот, често претставува екстра тешкотија врз родители кога го развозуваат детето на курсот по англиски јазик или пак приватен час по математика.

Времето или недостатокот на истото, денес стана еден од најважните ресурси во животот на еден човек.

TeachHoot.com, првата македонска платформа за онлајн приватни часови во виртуелна средина, го решава овој проблем. Со помош на TeachHoot.com сега можете да учите од удобноста на својот дом.

Оваа онлајн платформа за приватни часови ја елиминира потребата од губење време по патишта и сообраќај, ви заштедува на транспортни трошоци и ви овозможува да учите од било кое место, каде што има пристап до интернет.

Целиот процес на закажување на приватен час е едноставен. Се што треба да направите е најпрво да се регистрирате, потоа да се најавите на својот профил, да го одберете саканиот тутор и да закажете час преку систем на пораки, во време кое највеќе ви одговара.

Часот се одржува во виртуелна онлајн училница. Каде со помош на најразновидни интерактивни алатки се пренесува знаењето од туторот до ученикот.

Онлајн платформата има голем избор на образовни категории, од класичните приватни часови по математика, физика, англиски јазик па се до нови интересни категории како: програмски јазици, креативно пишување, софтверски апликации, кинески јазик и др.

Цените на часовите се индивидуално поставени од туторите. Со помош на нашите паметни филтри, можете да го изберете оној тутор кој највеќе одговара на вашиот буџет.

Големата флексибилност на самиот систем овозможува, на брз и едноставен начин да стигнете до посакуваното знаење.

Претходна статијаGoogle купува дел од тимот на HTC за 1,1 милијарда долари
Следна статијаОдржан Инфо ден во Кавадарци