skype-web-guest

Skype изминатиот период веќе работеше на развојот на оваа можност, па истата сега е целосно комплетирана и ставена на главната страна од сервисот. Корисниците имаа можност да пратат посебно креиран линк преку којшто тие што го добиле ќе може да се приклучат на групни и обични разговори, без разлика дали имаат или немаат Skype сметка.

Сега оваа можност е проширена и за аудио и видео повиците, па корисниците го добиваат скоро целосното Skype искуство, а сето тоа инстантно, без потреба од најавување со сметка од сервисот.

Исто така, да напоменеме, оваа можност е достапна само преку веб, односно не е можно започнување на ваков разговор преку постојните апликации. Ова е логично, со оглед на фактот што на апликациите корисниците се веќе најавени.

Како функционира оваа нова можност од Skype?

Се што треба да направите е да отидете на skype.com страната каде што е додаден нов линк „Start a conversation“, односно „Започнете разговор“. Притискањето на овој линк директно ве води кон веб верзија од Skype од каде што може да го испратите линкот за разговор до тие со кои што сакате да разговарате.

skype-home-1

Доколку линкот го испратите до корисник кој е веќе најавен на Skype, тој ќе може да го прави разговорот како и секој друг разговор преку неговата апликација.

Skype на овој начин на корисниците им овозможува обични разговори, групни разговори со до 300 корисници, аудио и видео разговори со до 25 корисници, како и споделување на екранот и фајлови.

Разговорите започнати на овој начин остануваат до 24 часа, по што истите се бришат од сервисот и не се веќе достапни.

Се поставува прашањето зошто некој би сакал да го користи Skype на овој начин, меѓутоа сигурни сме дека од компанијата не ја нудат оваа можност без претходно истражување. Доколку сакате да ја испробате новата можност, отидете на skype.com и започнете нов разговор.

Извор: Skype

Претходна статијаGalaxy S8 ќе има дисплеј осетлив на притисок ала “3D Touch”
Следна статијаWhatsApp воведува видео повици за сите свои корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.