man-1187170_640

Млад руски хакер има дојдено до повеќе од 200 милиони податоци за логирање на онлајн сметките на сервиси како Gmail, Microsoft, Yahoo, Mail.ru и слични.

Информацијата ја објавуваат истражувачите од сигурносната компанија Hold Security откако наводно хакерот се фалел по форуми за податоците коишто ги поседува. Од компанијата успеваат да дојдат до податоците и по нивното чистење од дупликати и слични непотребни информации, заклучуваат дека се достапни 272 милиони уникатни сметки, односно кориснички имиња и лозинки.

Најголем број на податоци се достапни за рускиот имејл сервис Mail.ru, дури 57 милиони, што е голем процент од вкупниот број на корисници на сервисот.

Податоци се достапни и за познатите сервиси во остатокот од светот, односно 24 милиони за Gmail, 40 милиони за Yahoo и 33 милиони за Microsoft сметките.

Во базата биле достапни и податоци за други сервиси помалку познати освен во одредени локални места.

Пробивањето на лозинките на онлајн сервисите не е нешто што толку ретко се случува. Ова е дополнително олеснето поради малата грижа за онлајн сигурноста на огромен број на корисници кои не ги користат дополнителните заштитни мерки кои се достапни.

Се препорачува користење на дво факторска автентикација, покрај посложена лозинка за заштита на сметката, како и вклучување на известувањата кои информираат кога некој ќе се најави на сметката од нова локација, уред и слично.

Извор: Reuters, Windows Central

Претходна статијаТим Кук: „Пристигнуваат големи иновации во новиот iPhone“
Следна статијаOpera Mini и Opera за десктоп со вградено блокирање на реклами
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.