google-naps

Google Naps е интересна веб страна, наречена пародија од нејзините развивачи, која што треба да ви помогне во ситуација кога сакате едноставно да дремнете кога сте надвор од вашиот град. Местата на кои што би требало да дремнете најчесто се клупи во паркови, но има и места како мостови, тревници во паркови и кревети. Naps страната во основа е направена од Google Maps со тоа што акцентот на информациите е ставен на местата за дремка. Местата се пополнуваат од страна на корисниците, односно и вие можете да додадете место на некоја локација во нашиот град. Моментално никој нема ставено информација за Скопје, па можеби после читањето на оваа статија ќе поставите неколку.

Google Naps страната не е направена од страна на Google, туку од страна на Kakhiel и Venour од Холандија, кои што на многу интересен начин се имаат обратено до директорите и вработените во Google, со надеж дека нема да ги тужат. Така, тие пишуваат:

Драги Сергеј и Лери (и други гуглери)

Здраво, ве молиме немојте да се налутите, ова е само шега, пародија. Не сакаме да му наштетите на вашиот бренд или било што друго, ние само сакаме да им донесеме насмевка на лицето на фановите на Google. Затоа ве молиме немојте да го однесете овој случај на суд, ние имаме само неколку стотини евра на нашите банкарски сметки. Исто така не би сакале да одиме во затвор  затоа што сме зафатени со други работи во овој период. Но, кога и да се најдете во Холандија можете да дремнете на нашиот кауч ако сакате, само испратете ни email. Исто така можеме да ви направиме кафе и да ви спремиме омлет, ако сакате (за мала сума).

Kakhiel и Venour

Страната можете да ја најдете на следниот линк, а за да додадете место за дремка треба само да кликнете на некоја локација. Не сме сигурни колку ваква страна би била користена кај нас, сепак се работи за општествени и културни разлики, па дремењето по клупи и слични места, не е нешто што повеќето од нас го прават.

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаLinkBubble, за полесно сурфање на Android
Следна статијаMicrosoft нема да пребарува податоци на нивните сервери без судски налог
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.