Outlook.com beta ви овозможува да ги тестирате новититете на овој сервис

Напишано на 09.08.2017 - 13:18 од Мишо Лекиќ

Ако нешто може да се каже дека стана една од главните карактеристики на Microsoft изминатите неколку години, е овозможувањето на бета програми за обичните корисници да станат дел од процесот на тестирање на новитетите кај производите.

Со овие програми добиваат и компанијата и корисниците. Компанијата добива поголема база на корисници на кои ќе ги тестира своите производи за разни багови и слично, додека корисниците кои се заинтересирани за тоа, добиваат порано пристап до новите работи на кои работат од компанијата.

Outlook.com, веб базираниот мејл сервис од Microsoft, е најновиот производ којшто добива бета верзија наменета за тестирање од страна на корисниците. Оваа верзија ќе им биде лесно достапна на сите корисници со едноставно притискање на копчето Try the beta на главната страна, начин на којшто бета верзија може и лесно да биде исклучена во било кое време.

Бета верзија од Outlook.com ќе стане достапна во текот на наредните неколку недели, а истото ќе го забележите по појавата на споменатото копче на горниот дел од главната страна.

Инаку, пуштањето на бета верзијата донесува неколку новини кои ги тестираат од компанијата. Тие истакнуваат дека напредокот на веб технологиите, како и на вештачката интелигенција им овозможува да ги унапредуваат своите сервиси.

Новитетите кои се дел од првата бета верзија од Outlook.com ги вклучуваат следните:

  • Побрзо корисничко искуство преку воведување на понова рамка за развој на веб страни која донесува, покрај другото, подобрен систем за пребарување, освежен изглед на страната и подобрен дизајн кој ќе овозможи поголем акцент на сликите од пораките
  • Попаметен инбокс којшто ќе прикажува таканаречени „Брзи предлози“ поврзани со содржината на пораките со кои ќе може полесно да се додадат информации од омилените ресторани, закажани летови и слично.
  • Подобро персонализирање на сервисот кое ќе овозможи полесно организирање и наоѓање на контактите, фајлови, како и пораките кои се важни.

Во неделите што следат би требало да го видите бета копчето, па доколку сакате да ги пробате новиот и подобрен Outlook.com, притиснете на истото.

Извор: Office, VB

За Авторот

Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.