Code_tunnel_concept

Откритието доаѓа од познатата компанија од областа на безбедноста Symantec, можеби попозната за обичниот корисник како производител на Norton Anti Virus и сличен безбедносен софтвер. Малициозниот софтвер е наречен Regin и според извештајот се верува дека е пуштен во јавноста уште од 2008 година. Неговиот модуларен начин на работа го прави многу тежок за откривање, а од компанијата истакнуваат дека ги немаат сите потребни податоци и примероци за да можат целосно да го проучат софтверот и понудат соодветна заштита.

За Regin се верува дека се користи за шпионирање на повеќе категории на компании, како и индивидуални корисници, но и владини организации и слично. Неговото потекло уште не може да се утврди, а се верува дека има големи шанси да е развиен од страна на некоја државна институција. Развојот на Regin се верува дека траел со месеци, а можеби и години и содржи способност за сокривање на трагите на компјутерот на кој што има успешно влезено. Нивото на ресурси, како и способноста на овој софтвер е една од причините поради кои што од Symantec веруваат дека за неговиот развој стои некоја владина агенција.

fig1-architecture

Она што го прави овој софтвер прилично уникатен, односно редок и тежок за откривање е неговиот модуларен начин на работа, односно работа во повеќе фази по влегување во компјутерот. Сите овие фази се енкриптирани и направени за извршување на одредена задача на компјутерот. Ова е исклучок само за првата фаза, односно фазата на влегување во компјутерот преку некоја слабост во системот во форма на Trojan или Backdoor. Наредните фази се направени така да секоја ја активира наредната, по што софтверот му овозможува на неговиот корисник да избере од повеќе можности како што е следење на комуникацијата, контрола на компјутерот и слично.

Повеќето заразени компјутери се наоѓаат во Русија и Саудиска Арабија, но има и компјутери од европските земји, Индија, Иран и други.

Извор: Symantec, Fortune, Engadget

Претходна статијаYahoo ја купи компанијата Cooliris
Следна статијаGoogle, посвој не!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.