new-google-plus

Одамна не сме имале вест поврзана со Google+ социјалната мрежа. Google веќе одамна се откажа од директна конкуренција со Facebook, што може да се каже беше добра одлука која овозможи мрежата да продолжи да функционира.

Обидот да се конкурира на Facebook само ставаше акцент на неможноста истото да се направи, па корисниците не можеа да ги видат добрите страни на оваа социјална мрежа која и понатаму има доволно голема база на корисници.

Google+ веќе одреден период има променет концепт, односно функционира на два столба, Заедници и Колекции. Заедно со ова, Google претстави нов дизајн на социјалната мрежа кој беше достапен за корисниците кои можеа рачно да го вклучат.

Од оваа недела, новиот дизајн ќе биде автоматски вклучен за сите корисници, а тие сепак ќе ја имаат можноста да го вратат стариот. До кога ќе биде достапна оваа можност не е познато, а ние сепак препорачуваме доколку сте корисник на оваа мрежа, да го користите новиот дизајн. На крајот, сепак тоа е замислата која ја има Google за нивната мрежа, па на тој начин можете да го добиете најновото и замислено од страна на компанијата корисничко искуство.

Покрај вклучувањето на новиот дизајн, Google+ добива и уште неколку новини. Корисниците отсега ќе имаат можност да додадат слики и линкови во коментарите, сопствениците на Заедници ќе можат да контролираат кој се може да коментира на нивните страни, а достапен е и нов центар за известувања кој ќе овозможи подобро следење на сите активности на социјалната мрежа.

Промените ќе бидат достапни за сите платформи, односно на веб, но и на Android и iOS.

Извор: Google, VB

Претходна статијаWelt е паметен ремен кој може да ги мери Вашите чекори и обемот на струк
Следна статијаXerox направи печатач кој може да печати на скоро сè
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.