truecrypt_icon

TrueCrypt е една од најпознатите open source програми, достапна за повеќето платформи, која што прави енкрипција на целиот хард диск и со тоа оневозможува пристап до податоците на него. Оваа програма можеби не е толку позната кај обичниот корисник, но е доста користена од деловните корисници, како и корисниците кои што сакаат да ги заштитат податоците на нивните дискови. Развивана од страна на непознати програмери повеќе од 10 години, дополнително доби на популарност откако беше посочена како програма која што ја користи Edward Snowden.

Без никаква најава главната страна на TrueCrypt почна да прави пренасочување до sourceforge.com страната од оваа програма, на кој што е поставена пораката дека програмата не е сигурна за користење и корисниците се препорачува да ги користат конкурентните вакви програми. На страната се поставени инструкции за корисниците како да почнат да го користат BitLocker решението од Microsoft, а има инструкции и за другите платформи.

ВНИМАНИЕ: Користењето на TrueCrypt не е сигурно поради тоа што може да содржи непоправени сигурносни проблеми

Оваа страна постои само за да ви помогне да ги мигрирате постоечките податоци енкриптирани со TrueCrypt

Развивањето на TrueCrypt заврши на 5/2014 откако Microsoft ја прекина поддршката за Windows XP. Windows 8/7/Vista и понови нудат интегрирана поддршка за енкриптирање на дискови и виртуелни диск слики. Таква интегрирана поддршка е исто така достапна на другите платформи. Треба да ги мигрирате вашите енкриптирани податоци од TrueCrypt на енкриптирани дискови поддржани од вашите платформи.

Иако се поминати неколку дена, се’ уште не се знае што точно се случува со овој сервис, што предизвика кружење на разни информации и теории на завера. Првата претпоставка беше дека страната на TrueCrypt е хакирана, но и тоа не е сигурно поради поминатото време, а страната не е уште средена. Исто така најновата верзија од програмата, 7.2, која што е достапна за симнување ги вклучува истите предупредувања и не дозволува енкрипција на податоци, туку само декрипција на енкриптираните податоци. Фајлот е потпишан со клучевите кои што ги користат програмерите, меѓутоа не е познато дали се работи за посериозно пробивање на сигурноста или дека одлуката и пораките се навистина поставени од официјалните програмери.

Една од поинтересните, а можеби и веројатни теории е дека програмерите имаат одлучено да го откажат сервисот поради добиено барање од страна на владата за пристап до податоците на корисниците. Ова не би бил прв случај на сервис да престане со работа поради добиено вакво барање. Програмерите поради тоа што не смеат да го објават јавно ова барање, се одлучуваат да престанат со работа.

Инаку, со приватно собирање на средства е финансирана сигурносна ревизија на TrueCrypt која што има покажано дека сервисот не содржи никакви позадински тајни пристапи. Ревизијата се врши од страна на Open Crypto Audit Project, од каде што најавуваат вршење на втората фаза од ревизијата која што треба поточно да покаже дали постои таканаречена „задна врата“ (backdoor).

Извор: PCWorld, The Register, Ars Technica

Претходна статијаiOS 8 концептот Block вклучува еден вид виџети на главниот екран
Следна статијаПретставен официјален File Manager за Windows Phone 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.