Screenshot 2015-01-27 13.57.58

Главна цел на Мобидониа е да го олесни процесот на правење на мобилна апликација за малите компании. Таа е “no-coding” платформа каде секој корисник со нула технички вештини може да направи квалитетна мобилна апликација. Ова исто е и “cross platform” решение каде на крај добивате Android, iPhone и iPad апликација. Корисникот лесно и едноставно може да го смени дизајнот, шемата, боите и содржината во апликацијата.

Мобидониа доаѓа со 25+ модули којшто можете да ги интегрирате во мобилната апликација. Галерија, Новости, Календар на настани, мПродавница, ПОИ, тв и радио стриминг и уште многу повеќе. Можете да искористите колку сакате модули без додатен трошок. Мобидониа исто така е опремена и со аналитика, менаџер на корисници, пуш нотификации и мобилни реклами којшто можат да ви помогнат да научите повеќе за своите корисници или да заработите преку мобилната апликација.

Screenshot 2015-01-27 13.56.28

Досега се имаат изработено апликации за разчични бисниси тука, вклулувајќи ги тв и радио станици, ноќни клубови, спа центри и едукативни апликации.

Мобидониа се издвојува од другите со нејзините моќни модули. Важно е да се каже и дека дека секој модул може да се вклучи два или повеќе пати во една апликација. Компанијата има канцеларија за грижа на корисници во Лас Вегас и Скопје преку кои се нуди емаил и подржка во живо за своите корисници.

Користењете на решениете е бесплатно за да ја направите и тестирате својата апликација. Во моментот кога сакате да ја публикувате на Google Play или App Store можете да одберете еден од двата премиум пакети на дистрибција.

Исто така Мобидониа нуди и примамливи “Препордавачки” пакети каде можете да дибиете попуст и до 30%.

Претходна статијаНеколку идеи за модерни старт-ап бизниси во РМ – дел 1
Следна статијаNexus 6 нема читач на отпечатоци поради Apple