Acompli, сега слободно може да се каже, беше, мобилна email апликација претставена минатата година која што се карактеризира со поголем број на интегрирани функции. Достапноста на овие функции ја направи Acompli одлична апликација која што му овозможува на корисникот да ги заврши повеќето работи поврзани со email преку една апликација на неговиот мобилен телефон.

Она што ја направи Acompli навистина популарна, прво на iOS, а подоцна и на Android, е интегрирањето на email, календар, контакти и фајлови во една апликација. Корисниците обично за да завршат посложена работа со другите email апликации треба да отворат повеќе други апликации, па најчесто работата ја оставаат да ја извршат на компјутер.

Поради добрата функционалност на апликацијата која што вклучува и поддршка за Microsoft Exchange, покрај Outlook.com, Gmail, Yahoo Mail и други, често беше нарекувана како Outlook апликацијата која што Microsoft требаше да ја направи. Од компанијата решија дека е полесно да ја купат компанијата која што стои зад развојот на Acompli, отколку да продолжат да ја развиваат нивната не толку добра мобилна Outlook.com апликација. Тоа тие го направија во Декември минатата година, по што најавија дека истата ќе биде интегрирана со Outlook, како и тимот кој што сега е дел од Microsoft.

На изненадување на повеќето, Microsoft денеска ја пушти новата верзија од Outlook мобилната апликација која што е базирана на Acompli. Истата е достапна за корисниците на iOS, како и на Android, меѓутоа во Preview верзија.

Outlook моментално е само ребрендирана верзија од Acompli, односно не вклучува нови функции или изменети од старите. Корисниците имаат можност да ги поврзат сите досега поддржани email сервиси, да ги комбинираат во еден групен инбокс и слично.

outlook-new-screens

Outlook сега овозможува повлекување врз пораките за нивно архивирање, бришење, означување, како и закажување на покасно време кога пораката ќе биде повторно прикажана за да биде прочитана. Сите фајлови кои што се добиваат преку пораките може да се погледнат за полесно наоѓање преку Files делот, а преку него исто така се достапни и фајловите од OneDrive и Dropbox. Календар делот овозможува директно следење на закажаните состаноци, нивно внесување од пораките, како и праќање на покани преку email.

Преку делот за контакти, апликацијата ги прикажува тие со кои што најчесто комуницирате, па на овој начин можете на полесно да ги добиете информациите потребни за нив.

Outlook апликацијата, без разлика што е направена на основа на друга, сега заслужува да биде користена од страна на корисниците. Од компанијата истакнуваат дека истата ќе продолжи да биде надградувана со нови функции, нешто што беше карактеристично за Acompli прилично често.

Повеќето функции од овие апликации треба да бидат вклучени и во новата Outlook апликација која што ќе биде достапна како универзална апликација на Windows 10 уредите, а краток приказ од неа можеше да се види на претставувањето на новите функции од оперативниот систем.

Новата Outlook мобилна апликација можете да ја симнете преку соодветните продавници за апликации, односно преку следните линкови. Истата работи на мобилните телефони, како и на таблет компјутерите.

Симни ја Microsoft Outlook за iOS

Симни ја Microsoft Outlook Preview за Android

Извор: Office, The Verge

Претходна статијаApple со нов светски рекорд за профит направен за еден квартал
Следна статија5-тата генерација Intel Core vPro процесори целат на трансформирање на денешната работна околина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.