one-drive-for-business

OneDrive for Business како што кажува и самото име е сервис од познатото решение за складирање на податоци во облакот (cloud) наменет за бизнис корисниците. За разлика од бесплатниот простор од 7GB, со месечна претплата од 2,5 долари по корисник, се довива по 25GB простор. Од оваа недела преку Office блогот, од Microsoft известија дека го зголемуваат овој простор на 1TB без промена на цената.

Покрај зголемување на просторот за OneDrive for Business корисниците, 1TB простор добиваат и корисниците на Office 365 ProPlus, како дел од нивната претплата која што веќе ја плаќаат за овој сервис. Исто така од Microsoft нудат помош за префрлување на фајловите од другите сервис на OneDrive.

Можеби ова зголемување изгледа огромно, меѓутоа треба да се земе во предвид дека најголемиот број од корисниците нема никогаш да го достигнат максимумот, па дури ни приближно. Сепак зголемувањето на придобивките кои што ги добиваат корисниците секогаш е добредојдено и позитивно влијае на зајакнување на конкуренцијата од која што на крајот тие имаат корист.

Извор: Office Blogs

Претходна статијаAcer Aspire Switch 10: уред кој се менува во 4 позиции
Следна статијаМожноста за печатење на документи додадена во Office for iPad
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.