microsoft-flow-2

IFTTT, односно If This Than That, е познат сервис достапен веќе неколку години, кој овозможува поврзување на повеќе сервиси еден со друг во таканаречен причинско последичен однос. Поточно, сервисот функционира со таканаречени рецепти кои во основа претставуваат два поврзани сервиси. На пример, може да се направи рецепт кој гласи: секогаш кога ќе ставите слика на Instagram, истата ќе биде зачувана и во Dropbox.

Ова е само еден пример, а можностите се огромни.

Microsoft Flow е сервис кој Microsoft го претстави оваа година и е директна конкуренција на IFTTT. Сервисот беше во бета верзија, а од оваа недела е достапен за сите заинтересирани корисници.

Главната разлика кај Flow може да се каже е неговата целна група на корисници. За разлика од IFTTT, Flow е повеќе наменет за бизнис корисници, а соодветно и достапните сервиси кои може да се поврзат се од таа категорија.

Microsoft Flow ќе биде достапен како дел од веќе постојните бизнис сервиси на компанијата како Office 365 и Dynamics 365.

microsoft-flow-1

Покрај Flow, од оваа недела на бизнис корисниците им е достапен уште еден сервис од компанијата, наречен PowerApps.

Во основа се работи за сервис кој овозможува изработка на веб и мобилни апликации без потреба од поседување на програмерски способности. Погоден е за компаниите кои сакаат нивните деловни сервиси да ги направат достапни за своите вработени преку мобилните уреди и слично.

Извор: Microsoft, The Verge

Претходна статијаМобилните уреди ќе бидат заслужни за дури 75% од интернет сообраќајот идната година
Следна статијаGalaxy S8 ќе има Edge OLED дисплеј со минимална рамка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.