ID-100289598

Веќе одамна постои верувањето дека OS X уредите се многу посигурни и дека шансите за заразување со вирус или некаков други вид на малициозен софтвер се значително помали од тие на Windows. Како една од причините која што се наведува за ова е и многу помалиот број на уреди кој што работат на овој оперативен систем, а тука е и Unix основата на OS X поради која што системот работи нешто поразлично од Windows. Сепак ова е нешто кое што е предмет на дебата веќе подолго време, па можеби и одговорот е релативен. Сигурно можеме да кажеме дека многу поретко читаме за проблеми со малициозен софтвер на Apple уредите, меѓутоа тоа пак може да се препише на помалиот број на уреди и строго испланираниот и контролиран маркетинг на компанијата.

Оваа недела е еден од случаите кога откриениот малициозен софтвер ги засега корисниците на производите на Apple. Се работи за софтвер кој што е откриен од безбедносната компанија Palo Alto Networks и моментално ги таргетира кинеските корисници преку продавница за апликации од оваа земја.

Според компанијата, како што го нарекуваат WireLurker, досега има „тројанизирано“ 467 OS X апликации преку Maiyadi продавницата за апликации. Овие апликации се симнати и инсталирани повеќе од 350.000 пати. Она што WireLurker го прави е следење на USB портата за приклучен iOS уред, по што инсталира малициозни апликации на мобилниот уред. Поради тоа го има и добиено името, а инсталирањето на апликациите може да го направи без разлика дали на уредот е направен jailbrake. Како и со повеќето малициозни апликации, тие имаат пристап до одредени информации на уредот од кој што се приватни за корисникот, како неговите контакти и разговори.

Според Palo Alto Networks, WireLurker ги има следните карактеристики:

  • Најмасовно проширен малициозен софтвер од овој вид за овие оперативни системи
  • Втор малициозен софтвер за кој што се знае кој што ги напаѓа iOS уредите преку OS X преку USB
  • Првиот малициозен софтвер кој што автоматски генерира малициозни iOS апликации преку бинарна замена на фајлови
  • Првиот малициозен софтвер кој што може да зарази инсталирани iOS апликации како класичен вирус
  • Првиот помасовен софтвер кој што инсталира апликации од трети страни на уред на кој што не е направен jailbrake

Претставник на Apple за овој случај има изјавено дека тие ги имаат блокирано засегнатите апликации и им препорачуваат на корисниците да не инсталираат апликации од продавници од трети страни, односно истите да бидат сигурни дека може да им се верува.

Извор: Engadget, NYT, PAN

Слика:  mapichai / freedigitalphotos.net

Претходна статијаAmazon Echo, мал паметен асистент за вашиот дом
Следна статијаНаучниците работат на мали школковидни роботчина кои можат да пливаат и да лечат болести низ телото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.