medium-sc

Според информации од повеќе корисници и веб страни, Кина повторно е вест поради блокирање на пристапот на нејзините граѓани до одредена страна. Овој пат блокирана е позната блог платформа Medium.

Официјални информации за блокирањето нема, односно до заклучокот е дојдено преку направени тестови. Поради тоа, нема ни информации поради која причина е блокирана оваа страна којашто со години можеше да функционира во Кина без проблеми.

Според некои информации, причината може да е поврзана со промените кои ги воведе Medium со кои им се овозможува на блогерите да можат да заработат од платформата.

Еден од начините на којшто ќе биде овозможена заработката можеби може да дозволи пристап до одредена содржина која досега била блокирана во земјата, па ова затоа се наведува како можна причина за блокирањето.

Се разбира, како причина секогаш е содржината којашто е достапна на одредена страна. Земјите со политички системи како во Кина, не се баш склони кон оставање на целосна слобода на интернетот, нешто што е основата на оваа технологија.

Извор: TNW, TechInAsia

Претходна статијаПрепорачано е бришење на Apple QuickTime од Windows поради крај на поддршката и откриени пропусти
Следна статијаДостапен Google Chrome 50 со подобрување во системот за известувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.