kickasstorrents

По проблемите со кои почна да се соочува The Pirate Bay, KickassTorrents стана замената кај која корисниците почнаа да одат, со што оваа страна стана можеби и најпознатата торент страна изминатиот период.

Секако познато е дека торент страните, иако во основа не мора да значи, сепак се користат за симнување на пиратска содржина како филмови, музика, софтвер и слично. Поради тоа, ваквите страни и нивните сопственици се редовно предмет на тужби, што е очекувано.

KickassTorrents оваа недела престана да функционира, а домејните на страна се исто така запленети. Престанокот на страната е поврзан со апсењето на Артем Ваулин во Полска за кој се верува дека е сопственикот на оваа позната страна.

Инаку, Ваулин има 30 години и е со потекло од Украина. Налогот за неговото апсење доаѓа од САД, од каде што се бара и негова екстрадиција.

Тој е обвинет за заговор за извршување на криминално кршење на авторските права, заговор за извршување на перење на пари и уште две дополнителни точки за кршење на авторски права.

Изминатите години борбата на властите, а посебно американските против страните на кои може да се симне пиратска содржина е засилена значајно. Веќе можевме да видиме со какви проблеми се соочуваше The Pirate Bay, но и Megaupload.

Според информациите од поднесената жалба во суд во САД, содржината која се разменува на KickassTorrents достигнува вредност од 1 милијарда долари.

Добро е што корисниците, а посебно тие во Источна Европа, имаат се повеќе избор на легална содржина, која се разбира се плаќа, па доколку дојде време кога нема да може, барем не лесно, да се најде пиратска содржина, ќе има од каде да се гледаат сите тие филмови и серии.

Извор: TorrentFreak, Gizmodo

Претходна статијаДвата нови Nexus телефони од HTC покажани на 3D рендери
Следна статијаЛуѓето веројатно имаат магнетноприемно чувство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.