internet-1593256_640

Повторно доаѓа тој период од годината кога најмногу пари се трошат на шопинг. Новогодишните и Божиќните празници се период во кој луѓето сакаат да ги изненадат своите сакани со некој подарок, но и самите да си се почестат, за како што би рекле “да ни тргне годината”.

Наместо да шетате по продавници, бутици, салони и да барате тоа што Ви треба и да трошите време и средства, Вие можете од удобноста на својот дом да најдете и да порачате скоро се што ќе посакате, бидејќи интернетот нуди скоро неограничени можности поради лесниот и достапен начин за продажба и купување. Постојат илјадници веб страни за купување онлајн. Секој производ Ви е оддалечен само неколку клика и се што ќе нарачате дури може да стигне директно во Вашиот дом без да морате да излегувате. Изборот е огромен, така што можете да го најдете истиот производ, но по најниска цена на некоја од веб страните за продажба.

Но, не се сите страни безбедни за купување. Внимавајте пред да кликнете “КУПИ”. Кога креирате корисничка сметка на некои од страните за купување, гледајте да внесете лозинка која не ја користите на другите страни каде што се најавувате, а особено да не бидат лозинките исти како оние што ги користите на социјалните мрежи како Facebook, LinkedIn, Twitter, Instagram и други.

Доколку имате мака со помнењето на лозинките, користете некоја апликација која ќе ги помни лозинките наместо Вас. Јас лично ја препорачувам LastPass бидејќи ги криптира сите лозинки кои што ги користите за страниците кои што ги посетувате, а за да ги откриете лозинките ќе Ви биде потребна само една лозинка која препорачувам да биде тешка за пробивање.

Исто така, бидете внимателни кога ја внесувате Вашата платежна картичка. Јас препорачувам да си извадите посебна дебитна картичка која ќе ја користите исклучиво за онлајн купување и да ја дополнувате според потребата. На тој начин и во случај на пробивање на корисничката сметка, хакерите нема да можат да Ви ја истрошат банкарската сметка, односно нема да може да ја користат картичката.

Секогаш кога имате опција, користете Two-Step Verification. На тој начин, кога ќе се најавувате на некоја страна, секогаш пред да Ви дозволи страницата пристап, ќе Ви испрати SMS или ќе воспостави повик на Вашиот телефонски број за да Ви биде испратен сигурносен код со кој што ќе можете да се најавите безбедно на страницата. Доколку имате опција, можете да се најавите како “Гостин” на страницата за купување и на тој начин еднократно ќе ја внесете Вашата платежна картичка без да ја запомни страницата за купување.

Во Македонија веќе наголемо се користи овој начин на купување од дома или пак од работа. Страниците како Grouper се многу популарни и го користат начинот за плаќање онлајн со платежна картичка. Наскоро услугата за плаќање онлајн ќе биде достапна и на страната на iStyle, единствениот Apple Premium Reseller во Македонија.

Имајте безбедно купување и се надевам дека пријатно ќе ги изненадите Вашите сакани.

Претходна статијаСтариот Nexus 4 повторно оживеан благодарение на CyanogenMod
Следна статијаCareer Fair на Правниот факултет во Битола