instagram-stories-1

Instagram денеска најави нова функција за корисниците која ќе стане достапна во текот на наредните недели на мобилните апликации.

Instagram Stories е наречена новата функција и како што истакнуваат од компанијата, претставува добар начин за намалување на „хаосот“ од слики за корисниците кои многу често објавуваат.

Со Instagram Stories корисниците ќе може да креираат свои приказни, како што кажува и самото име, во форма на презентација составена од повеќе слики и видеа. На сликите и видеата ќе може да се додаваат ефекти во форма на текст, икони и слично, со цел да бидат поинтересно направени.

instagram-stories-2

Главната работа на овие приказни, она што треба да придонесе за намалување на бројот на објави, е тоа што тие ќе бидат достапни само 24 часа, а сликите од нив нема да бидат достапни на профилот на корисникот. Со тоа, тие ќе може да го организираат својот профил со најважните слики, а сепак во одредени ситуации да споделат нешто интересно што имаат правено.

На приказните кои ќе бидат прикажувани од горниот дел од апликацијата, нема да може да се лајкува или коментира, па од компанијата препорачуваат да доколку имате нешто да кажете, тоа го направите преку директна порака.

Извор: Instagram

Претходна статијаHuawei Honor 8 Note е гигантски 6,6 инчен телефон од високата класа
Следна статијаКинезите претставија демо модел од автобусот кој ќе вози над автомобилите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.