Доколку поради некоја причина не сакате или не можете да ја користите Instagram апликацијата на вашиот мобилен, отсега ќе можете да објавувате слики на социјалната мрежа преку нејзината мобилна веб страна.

Досега мобилната веб страна во главно овозможуваше прегледување на сликите и известувањата, па сега истата може да претставува и до одреден степен замена за главната апликација.

Оваа можност сепак доаѓа со одредени ограничувања, па не очекувајте да претставува целосна замена за апликацијата. Поточно, објавувањето на сликите може да се прави, но не може да се додаваат филтри, а исто така не е можно и објавување на видео содржина.

Оваа промена е направена со цел да им се овозможи што поголема достапност на корисниците, на се повеќе популарната социјална мрежа.

Причината поради која би можеле да сакате да објавувате преку мобилната верзија, наместо преку апликацијата е слабиот мобилен телефон на којшто веќе немате доволно ресурси за повеќе апликации. Доколку Instagram не е нешто што редовно го користите, а сепак од време на време сакате да објавите по некоја слика, ова е одличен начин да го направите истото, а апликацијата да ја избришете.

Мобилната веб страна од Instagram изгледа исто како апликацијата, па дефинитовно може да заврши работа како привремена замена.

Извор: The Verge

Претходна статијаWaze ви овозможува да го снимите вашиот глас за користење при навигација
Следна статијаПрви слики од корисничкиот интерфејс на Fuchsia – новиот оперативен систем развиван од Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.