Се’ уште неофицијално, информациите говорат дека од Instagram моментално тестираат и планираат да пуштат нова можност на својата апликација која ќе им овозможи на корисниците да споделуваат повеќе слики одеднаш.

Новата можност е забележана од страна на дечките од DroidLife, а пуштањето кај ограничен број на корисници обично е начинот којшто се користи за тестирање на скоро готова функција која треба да биде пуштена за сите.

Ваквата можност сигурно ќе биде одлично прифатена од страна на корисниците. Мрежата е навистина популарна и корисниците се почесто ја користат за споделување на нивните моменти.

Можноста да се стават повеќе слики, без притоа да им станете досадни на пријателите е одличен додаток на мрежата којшто ќе го ценат не само тие кои постираат слики.

Според информациите, корисниците ќе можат да објават до 10 слики одеднаш, како еден вид на албум.

Сепак, да оставиме информацијата да стане официјална пред да почнеме да ги планираме нашите наредни објави, а посебно поради фактот што не сите тест функции стигаат до официјалната верзија.

Извор: DroidLife, TNW, The Verge

Претходна статијаDubuc Motors го презентираше Tomahawk електричниот спортски автомобил
Следна статијаMicrosoft Edge добива неколку важни подобрувања со Creators Update
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.