Instagram воведе нова промена при гледање на видеа. Веќе нема да морате да го вклучувате звукот на секое видео штом еднаш ќе го вклучите. Ова ќе ви потрае се додека активно ја користите апликацијата, а штом еднаш ќе ја исклучите следниот пат ако сакате да ги следите видеата со звук ќе мора повторно да го вклучите звукот.

Ова е навистина добар потег, особено поради тоа што најверојатно го влучувате звукот на видеото кога сте во ситуација да го следите, што ве спасува од тоа да морате да го вклучувате секогаш. Доколку не сте во ситуација да го следите звукот, не го вклучувате.

Единствениот проблем со ова новина на Instagram доаѓа со тоа што звукот автоматски е вклучен на сите видео реклами на инстаграм. И ова најверојатно ќе ги мотивира огласувачите на инстаграм почесто да го користат Instagram за видео рекламирање.

Извор: TechCrunch, Engadget

Претходна статијаVocalytics ќе ви помогне подобро да презентирате
Следна статијаPyka – Првиот автономен личен авион