2015-04-20_13-24-42

При крајот на 2014 Sony беше нападнат од хакери кои успеаја да се извлечат со повеќе од 150.000 e-mail датотеки што содржат лични информации од вработените. Дополнително, целта на нападот беше да се докаже дека Sony е повеќе од компанија која се занимава со развивање електроника. Но, случајот беше претставен пред јавноста и на поинаков начин. Имено, за целиот случај претседателот на САД, Барак Обама, ја обвини Северна Кореја.

Таа датабаза беше разнесувана низ интернетот во релативно комплицирана форма за обичниот корисник, но Wikileaks сега ја постави таа датотека со лесен систем за пребарување каде што секој може да пребара низ тие датабази користејќи повеќе параметри.

Според Wikileaks, Sony функционира како влијателна компанија со врски во Белата Куќа. Дополнително, Sony има можност да влијае на носењето на закони и полиси, воедно и има врски со воено-индустрискиот комплекс на САД.

Иако Sony најави легална војна со Wikileaks, тие документи сега веќе се лесно достапни и на јавен простор, такашто дури и да успеат да го соборат објавувањето од Wikileaks, сигурно тие документи ќе бидат достапни на други слични сервиси, вклучувајќи ја и BitTorrent мрежата.

Извори: Wikileaks, PCWorld

Претходна статијаДојче Телеком ги бара најдобрите „IoT“ решенија за бизнис
Следна статијаFacebook сака да научи како да го изговори вашето име правилно