education_home_canvas

Како што на повеќето од вас ви е познато, Google, но и другите сервис провајдери, ја скенираат содржината на пораките со цел врз основа на одредени клучни зборови кои што се наоѓаат во нив да ви прикажуваат реклами. Со други зборови, доколку вашата комуникација вклучува разговори на тема технологија, рекламите кои што ќе ви бидат прикажувани од страна на Google ќе бидат од таа тема. Ова е одличен извор на информации за подобро таргетирање на рекламите од страна на огласувачите, меѓутоа е проблем за корисниците кои што сметаат дека нивната приватност е нарушена.

Google Apps for Education е програма која што на студентите, професорите и администраторите им овозможува пристап до овој сервис бес месечна претплата. Корисниците на оваа програма од самиот почеток се исклучени од прикажувањето на реклами, меѓутоа сепак содржината на нивните пораки беше дел од скенирањето за рекламирање. Од оваа недела овие сметки ќе бидат целосно исклучени и од процесот на скенирање на пораките, според The Wall Street Journal. Која е причината за ваквата одлука не е наведено, но се претпоставува дека се работи за маркетинг потег, односно потег за подобрување на угледот на компанијата во време кога критиките за нарушување на приватноста на корисниците од сите страни е се поактуелна.

Извор: The Wall Street Journal

Преку: Engadget

Претходна статијаLunecase футрола за iPhone која ја искористува електромагнетната енергија на телефонот
Следна статијаFacebook претстави анонимно регистрирање со вашата сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.