Да нагласиме уште на почеток, како што и обично е случајот, оваа нова функција е достапна за корисниците во САД и кои говорат, односно пребаруваат на англиски јазик. Сепак се работи за навистина корисна новина, која се надеваме дека еден ден ќе стане достапна и за нашата земја.

Како дел од новата иницијатива на Google, наречена Google for Jobs, од компанијата почнувајќи од оваа недела ќе им овозможат на корисниците да пребаруваат работни места директно од пребарувачот, односно од google.com страната.

Резултатите ќе бидат прикажувани од повеќе извори, односно од Google истакнаа дека имаат направено соработка со повеќе компании како LinkedIn, Monster, WayUp, DirectEmployers, CareerBuilder, Glassdoor и Facebook.

Корисниците се што треба да направат е да внесат пребарување поврзано со работа, односно нешто слично на „работни места во мојата околина“ или „работни места во банка“, по што Google ќе им ги прикаже сите достапни работни места.

Прикажувањето на резултатите не се прави на едноставен начин како што е случајот со „обичното“ пребарување, односно корисниците нема да добијат само обични линкови до други страни каде што ќе треба да продолжат да го бараат тоа што им треба.

Корисниците ќе можат точно да изберат што бараат, а Google ќе им ги прикаже тие работи, па дури и времето потребно да стигнат до работното место од нивната локација.

Во прикажувањето на резултатите се користи машинско учење, што значи дека човечкиот фактор е минимално вклучен во сето тоа.

За што точно се работи може да видите и преку видеото во продолжение.

Извор: Google

Претходна статијаVertu ќе лансира обични мобилни телефони кои ќе чинат преку 9.500 долари
Следна статијаГлавниот директор и коосновач на Uber се повлече од својата позиција во компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.