gmail-f

Google продолжува со воведувањето и подобрувањето на мерките за безбедност на нивниот имејл сервис Gmail. Оваа недела преку Gmail блогот тие информираа за неколку дополнителни мерки кои стануваат дел од сервисот.

За корисниците да можат да бидат сигурни дека нивните пораки ќе поминат низ енкриптиран канал, а тоа да не може да биде променето од ниту еден дел од пораката, Google во соработка со повеќе компании работи на воведување на нов стандард за испраќање на пораките наречен SMTP STS – SMTP Strict Transport Security.

Исто така, како што е случајот со интернет прелистувачите, Gmail ќе дава предупредување доколку корисникот кликне на линк којшто води до сомнителни страни, односно страни кои можат да содржат малициозен софтвер.

new sb warning

Дополнително, во рамки на досегашната практика да ги известува корисниците доколку смета дека нивната сметка е цел на напад од властите, Gmail ќе нуди и совет како корисниците да се одбранат од нападот, но и во иднина подобро да се заштитат.

Google редовно воведува нови функции во овој најпознат имејл сервис, па корисниците, а посебно тие на кои им е важна безбедноста, сигурно ќе имаат повеќе причини за да го користат.

Извор: Gmail, Engadget

Претходна статијаПрви фотографии од џојстикот на новиот Nintendo NX?
Следна статијаCodefest Junior – можност најмладите ИТ ентузијасти да ја покажат својата иновативност во рамките на Codefest 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.