Можеби за голем број од нас оваа информација нема да значи ништо. Facebook дефинитивно доминира кај социјалните мрежи, па и покрај милионскиот број на корисници на Google+, во споредба, оваа мрежа има мал број на корисници.

Сепак, може слободно да се каже дека корисниците на Google+ го имаат пронајдено токму тоа што им треба во оваа социјална мрежа, па иако помалку на број, тие се лојални и сигурно не се толку големи корисници на другите мрежи.

Google на време успеа да го забележи ова, па наместо да се труди да конкурира со Facebook и Twitter или пак целосно да се откаже, тие ја прилагодија Google+ мрежата да биде најкорисна што може за видот на корисници кои останаа верни.

Новата верзија од Google+, која вклучува и нов дизајн, постои повеќе од една година, а главниот акцент на мрежата е поставен на Заедниците и Интересите. Така корисниците може да ја користат оваа мрежа за конкретни работи кои нив ги интересираат, па со тоа Google+ стана еден вид на „блог“ каде што корисниците може да ги следат своите интереси.

Старата верзија од социјалната мрежа се’ уште е достапна за корисниците доколку сакаат да ја користат, меѓутоа од 24 овој месец, истата ќе биде исклучена и ќе остане само новата. Веруваме дека на корисниците ова нема да им направи проблем, зошто активните корисници сигурно веќе ја користат новата верзија.

Со исклучувањето на старата верзија од Google додаваат 3 нови функции на социјалната мрежа кои вклучуваат:

  • Можност за сокривање на таканаречените коментари со низок квалитет
  • Повеќе простор за објавите и можност за зумирање на сликите
  • Враќање на Настаните на социјалната мрежа

Можеби Google+ плус не стана тоа што од компанијата се надеваа на почетокот, но сигурно остана важна социјална мрежа која веруваме ќе остане на пазарот уште многу години.

Извор: Google, VB

Претходна статија5 Совети и трикови за корисниците на iPhone
Следна статијаРазвој на процес за складирање на летната топлина и употреба на истата во зима
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.