voyager

Вчера беше десеттиот роденден на Google Earth, сервис кој што направи револуција во разгледувањето на нашата планета. Денеска можеби веќе нормална работа, меѓутоа пред 10 години можноста да се види било кој дел од Земјата беше нешто навистина воодушевувачко.

Google Earth останува популарна програма за разгледување на Земјата која што со текот на годините е надградена со голем број на слики од интересните места низ светот. Исто така, Earth е одлична алатка за доста бизниси кои што имаат потребна од слики од Земјата.

За својот десетти роденден, Google Earth добива неколку новости кои што треба да го подобрат корисничкото искуство, односно можноста за разгледување на некои од многуте егзотични места на Земјата.

Главниот роденденски додаток е наречен Voyager и овозможува разгледување на најинтересните и најновите локации во светот кои што вреди да се видат. Оваа функција овозможува и автоматско „прошетување“ низ неколку од ваквите локации. Voyager е достапен за корисниците на десктоп верзијата од Google Earth.

Voyager функцијата е поделено во неколку секции кои што овозможуваат разгледување на интересните места, односно Street View, Earth View, 3D градови, нови сателитски слики и тура на најновите локации.

Google-Chrome-Extension-Store-03-Sharing

Роденденската верзија од Google Earth исто така вклучува 1.500 нови пејзажи од разни локации на Земјата, како и од интересни места во океаните.

Извор: Google

Претходна статијаПрва бионичка рака која има димензии и функционира слично на вистинска
Следна статијаЛондон за прв пат во историјата ќе добие целосно електричен двокатен автобус
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.