chrome-logo

Преку својот SafeBrowsing сервис, Google веќе овозможува заштита од малициозен софтвер кој што може да го симнете од веб страните. Тие исто така преземаа неколку мерки кои што треба дополнително да ги заштитат корисниците, односно забранија инсталирање на додатоци надвор од Chrome продавницата, а исто така воведоа предупредување доколку сакате да симнете фајл кој што содржи малициозен софтвер.

Од оваа недела Google ја проширува заштитата од веб страните на кои што може да се симне малициозен софтвер и тоа на три нивни производи, односно сервиси. Заштитата доаѓа на прелистувачот Chrome, на резултатите од пребарувањата преку Google Search, како и на платформата за реклами.

Предупредувањето пред да симнете одреден фајл кој што содржи малициозен софтвер е унапредено со предупредување дека веб страната која што сакате да ја отворите содржи такви фајлови. Предупредувањето се прикажува пред отворањето на страната, односно на начин прикажан на сликата во продолжение.

mp2xy337QU

Кога пребарувате нешто преку Google, резултатите кои што ги добивате ќе бидат означени доколку водат до страна која што содржи фајлови со малициозен софтвер.

Дополнително, рекламите кои што одат преку огласувачката платформа на Google, ќе бидат блокирани доколку водат до страни кои што содржат, како што го нарекуваат од компанијата, несакан софтвер.

Масовноста на интернетот денеска прави да ниту една платформа не е целосно безбедна кога се работи за разни малициозни појави. Поголемиот дел од корисниците не се секогаш сигурни кога отвораат одредени страни, како и кога симнуваат фајлови, па покрај антивирусната заштита, добредојдена е и дополнителната од Google.

Извор: Google

Претходна статијаНаучниците „украдоа“ уредувач на ДНК од бактериите
Следна статијаНаучниците направија подетална мапа на мозочните клетки кај глувците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.