Google како дел од „Coalition for Better Ads“, односно Коалиција за подобри реклами, ќе започне со блокирање на реклами на веб страни кои не се придржуваат до стандардите кои се поставени од оваа организација.

Блокирањето ќе се прави преку вградена функција во Chrome прелистувачот, во некоја од верзиите кои ќе бидат пуштени идната година.

Исто така, блокирањето ќе се прави на сите реклами на страната, дури и ако само една од нив не е направена според бараните стандарди.

Како реклами кои не се по стандардите на коалицијата се сметаат таквите коишто се прикажуваат на цела страна и ја кријат содржината, реклами кои автоматски пуштаат звук, како и реклами кои трепкаат.

Од Google истакнуваат дека целта на оваа нивна планирана активност е подобрување на корисничкото искуство на читателите, но и подобрување на ситуацијата на огласувачите кои имаат „нормални“ реклами.

Според нив, поради се поголемиот број на „лоши“ реклами, тие имаат станато pop-up-ите на денешното време. Корисниците се повеќе користат некој од блокерите на реклами, па поради тоа страдаат и огласувачите кои се придржуваат до стандардите.

Покрај блокирањето на рекламите, од Google ќе ја започнат и програма наречена Funding Choices која на сопствениците на веб страни ќе им овозможи да им дадат избор на нивните посетители дали сакаат да ги гледаат рекламите на страната или да платат одредена сума за тргање на сите реклами.

Како што би очекувале, овие можности за почеток ќе бидат достапни во САД и уште неколку други земји, по што се очекува проширување во остатокот од светот.

Извор: Google, Google 1, VB, ZDNet

Претходна статијаSkype добива целосен редизајн – директно ќе конкурира на Snapchat, Messenger и сличните
Следна статијаНов геџет користи „невронска мрежа“ за да направите подобри слики со вашиот DSLR/Mirrorless апарат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.