Календарите во главно се користат за бизнис цели, ретко кој приватно има толку зафатена и важна агенда за да мора да биде организирана во посебна апликација. Сепак, овие апликации се навистина корисни, а истото го покажува и вниманието кое го посветуваат на нив поголемите развивачи.

Google Calendar веќе одамна е една од најпознатите и најмногу користените вакви апликации, а истата на мобилните платформи има модерен дизајн. Зошто Google не го воведе истиот тој дизајн и на веб верзијата, можеби помал број на корисници се поврзуваат на овој начин, веќе и не е важно.

Веб верзијата на Google Calendar сега го добива новиот и модерен дизајн од мобилните апликации, па сите активни корисници можат да бидат сигурни дека ќе го добијат истото корисничко искуство без разлика од каде ќе се поврзат на сервисот.

Што се однесува до можностите на веб апликацијата и тие се вклучени со редизајнот, па корисниците ќе можат да ги извршуваат сите нивни активности без проблем. Некои од новостите ги вклучуваат:

  • Сите детали поврзани со настаните во календарот
  • Побрзо и полесно додавање на нови настани
  • Нови можности за преглед на календарот, како и статус на поканите

Извор: Google, The Verge

Претходна статијаСатја Надела даде надеж дека Windows Mobile платформата сепак нема да ја снема
Следна статијаSkopje Cocktail Week, нов настан во градот кој ја слави коктел културата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.