Ако пишувањата на Wall Street Journal се достојни за верување, Google, сопственикот на најголемата он-лајн маркетинг платформа, ќе вклучува блокатор, за истите тие реклами во сите наредни верзии на интернет пребарувачот Google Chrome. Според наводите, истиот ќе биде вклучен во сите верзии, десктоп и мобилна варијанта и според „фабричките подесувања“ ќе биде вклучен.

Зошто ваквиот потег е неочекуван и парадоксален?

Како што е познато, Google во моментот покрива околу 50% од сите он-лајн пребарувања, па така, со укинувањето на просторот за рекламирање, ќе ги укине сопствените приходи. Меѓутоа, Google е особено сериозна компанија, па така лесно може да се заклучи дека ваквиот потег има друга заднина. Имено, Google нема да ги блокира сопствените Google Ads, туку единствено „помалку посакуваните“ реклами. Под „помалку посакувани“ се сметаат сите оние реклами кои се пропишани според „Колицијата за подобри реклами“ во која членуваат Google и Facebook.

Откако работите станаа појасни, може да се заклучат генерално две работи. Првата е дека Google и Facebook во тесна соработка си го асфалтираат патот кон недопирлива доминација во светот на он-лајн рекламирањето, бидејќи веќе се во позиција да одредуваат кој формат на реклами го поддржуваат и кој е според нив „прифатлив“. Додека втората, е дека всушност постои и позитивна страна од целата приказна која ќе ја почувствува просечниот корисник, а тоа е отсуството на досадните, поп-ап, „видео со прегласен звук“ и друг вид на „не баш посакувани“ реклами.

Сепак, нужно да се напомене е дека се работи за шпекулации изнесени од страна на угледниот американски журнал, по што Google се огласи со реакција во која не ги отфрли, меѓутоа не ги ни потврди ваквите наводи, туку едноставно ја потврди тесната соработка со „Коалицијата за подобри реклами“.

Извор: ArsTechnica

 

Претходна статијаСеавус Инкубатор ја носи израелската стартап сцена во Скопје
Следна статијаCall of Duty се враќа на корените