Mozilla, поточно Firefox Test Pilot делот од компанијата задолжен за воведување на нови сервиси, го претстави Firefox Send. Се работи за сервис наменет за испраќање на големи фајлови, до 1 GB бесплатно.

Ваквите сервиси се популарни помеѓу корисниците кои не ретко имаат потребна да испратат поголем фајл, без разлика дали се работи за приватни потреби или деловни. Еден од најпознатите сервиси кои овозможуваат бесплатно испраќање на поголеми фајлови е WeTransfer, а Mozilla сега им овозможува на корисниците сопствена алтернатива.

Firefox Send е веб базирана апликација, што значи дека нема потреба од инсталирање на било каков дополнителен софтвер на компјутерот или додаток на прелистувачот. Работи со сите модерни веб прелистувачи, не само со Firefox.

Корисниците се што треба да направат е да отидат на send.firefox.com и да го стават саканиот фајл во прелистувачот или да го изберат преку посебното копче. Потоа тој фајл е енкриптиран и како што тврдат од Mozilla, тие немаат пристап до неговата содржина, односно заштитата се прави на компјутерот на корисникот.

По прикачување на фајлот, се добива линк којшто се испраќа на личноста која сакате да го симне, логично нели.

Линкот е достапен само 24 часа или по симнувањето на фајлот. Симнување од истиот линк може да се направи само еднаш.

Одличен сервис кој кога ќе се земе во предвид дека доаѓа од Mozilla, сигурно корисниците ќе му дадат шанса и покрај другите вакви сервис.

Извор: Firefox Test Pilot

Претходна статијаТрофеите поставени, фановите се собираат на плоштад, неутралната зона отворена
Следна статијаDespacito е најгледаното YouTube видео на сите времиња
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.