images-filtered

Популаризирањето на апликациите како Instagram, односно социјалните мрежи генерално, заедно со вградувањето на добри камери во паметните телефони, започна еден тренд на масовно споделување на слики.

Апликациите како Instagram исто така воведоа и филтри со кои што корисниците можат да ги променат сликите на разни начини. Тоа направи да обичните слики, сепак сликањето на навистина добра слика не се прави едноставно со телефон, добијат поинтересен изглед.

Оваа појава е предмет на истражување направено од страна на Yahoo Labs и истражувачите од Georgia Tech. Она што тие сакале да откријат е дали користењето на филтри на сликите прави некаква разлика во нивната популарност, односно на нивното гледање, лајкување и коментирање.

Истражувањето е направено на 7,6 милиони јавни слики на Flickr. Резултатите покажале дека сликите на кои што е користен филтер имаат 21% повеќе шанса да бидат видени и отворени. Исто така, овие слики имаат 45% повеќе шанса да на нив биде оставен коментар.

Меѓутоа, истражувањето исто така има покажано дека не е сеедно какви филтри се користат на сликите. Сликите кои што привлекуваат внимание обично користат поедноставни филтри кои што истакнуваат некои делови од сликата, односно филтри кои што се посветли.

Од друга страна, филтрите кои што се потемни не ја зголемуваат популарноста на сликата.

Извор: Yahoo, Engadget

Претходна статијаAudi Sport Racing Bike – Веројатно најлесниот (и најскапиот) велосипед на светот
Следна статијаMicrosoft развива нова email апликација наменета за брза комуникација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.