feedly-android-icon

Feedly е сервис за агрегирање на вести достапен преку апликации за Android и iOS уредите, како и преку веб. Тој е можеби најпознатиот и најмногу користен сервис кој што ја доби популарноста по прекинување на Reader од страна на Google. Google Reader беше сервис преку кој што корисниците можеа да ги следат RSS листите од своите омилени веб страни преку еден централизиран сервис.

Денеска од компанијата преку својата страна изјавија дека на нив се извршува DDoS напад, односно Distributed Denial of Service од страна на непознати напаѓачи кои што бараат од компанијата пари за да го престанат нападот. Како што изјавуваат од Feedly тие не планираат да платат и се во контакт со нивниот провајдер, како и со други компании кои што биле цел на вакви напади и со полициските власти. Информациите и податоците на корисниците се сигурни, изјавуваат од компанијата, а сервисот ќе биде вратен во работа во најкраток можен рок.

Овој тип на напади на сервисите најчесто се извршува преку праќање на огромен број на барања до серверот, со што се симулира голем број на корисници, поради што серверот не може да продолжи да работи или работи многу бавно. Овој тип на напади обично е многу тешко да се спречат и кога ќе се случат потребно е време за прекинување на истите.

Извор: Feedly, Ubergizmo

Претходна статијаSwiftKey од денеска бесплатна за сите корисници, ќе се доплаќа за теми и додатоци
Следна статијаКако да ја инсталирате Windows 8.1 Update надградбата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.