После американските избори минатата година излезе на површина „негативната“ страна на интернетот. Во денешно време оваа мрежа е главниот извор на информации за луѓето, а тие скоро без ограничување веруваат на сите прочитани информации.

Ова овозможи да се зголеми бројката на вести кои не се точни, не поради незнаење на авторот и медиумот, туку намерно поради манипулирање на читателите. Не дека ова е нова работа на времето на интернетот, меѓутоа масовноста на медиумите е многу поголема од порано.

Со цел да ја тестираме нашата способност, како и да ја подобриме, во препознавањето на лажните вести, Американскиот Универзитет ја изработи веб игра која го овозможува токму тоа.

Играта е едноставна. Ни е прикажан наслов заедно со статијата, по што можеме да избереме да го видиме и изворот. Врз основа на тоа што го гледаме, треба да притиснеме на тоа дали мислиме дека веста е вистинска или лажна.

Играта потоа ни го дава точниот одговор, заедно со одредени совети за подобро препознавање на вестите, па не носи на следната статија.

Доколку сакате да ја ставите на тест вашата способност во препознавањето на вестите, кликнете на овој линк и обидете се со играта.

Извор: LifeHacker, TNW

Претходна статијаDuolingo ќе овозможи учење на “High Vailyrian” јазикот од Game of Thrones
Следна статијаAndroid смартфонот од високата класа на Nokia ќе биде претставен на 16 август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.