851536_761931493874134_857356960_n

Главниот извор на заработка на најпопуларната социјална мрежа се разбира доаѓа од рекламите. Поради тоа од компанијата се грижат сите кои што се на неа да бидат задоволни и што повеќе време да поминуваат разгледувајќи или споделувајќи содржина, како и рекламирајќи ја истата. За објавувачите на содржина, Facebook веќе нуди повеќе начини за рекламирање преку таргетирање за истата да стигне до вистинските луѓе за кои што е наменета. Така, доколку се рекламирате на Facebook можете да ја таргетирате рекламата според земјата, возраста, полот, интересите, типот на уред, оперативниот систем на корисниците и многу повеќе.

Од оваа недела Facebook додава уште еден начин врз основа на кој што огласувачите ќе можат да ги таргетираат рекламите. Новиот начин овозможува тартегирање врз основа на брзината на мобилниот интернет пристап на корисниците. Тоа ќе им овозможи на огласувачите да понудат видео реклама за корисниците на побрзите 3G или 4G мрежи, но истата реклама да биде прикажана како линк и слика за корисниците на 2G мрежите. Ваквиот начин на рекламирање ќе овозможи поефикасно рекламирање, како и помало губење на импресиите на корисници кои што нема да можат да ја видат рекламата.

Овој начин на таргетирање, истакнуваат од Facebook, исто така овозможува и подобро таргетирање на типот на корисници. Па така, на пример, огласувачите ќе можат да направат кампања за корисниците кои што уште не користат паметен телефон, па рекламата ќе биде направена за корисниците на 2G мрежата кои што користат постар модел на телефон.

Извор: Facebook, VentureBeat

Претходна статијаFirefox OS ќе им дозволува на корисниците да ги избираат посебните пермисии на апликациите
Следна статијаSamsung го претстави Gear S, паметен часовник со заоблен екран и 3G
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.