Stories е една од најпопуларните функции на Instagram, меѓутоа таа популарност никако да се префрли на Facebook. Со цел да ги привлечат корисниците да ја користат оваа функција и на нивната главна платформа, Facebook направи неколку промени, меѓутоа ништо од тоа не функционираше како што тие сакаа.

Сега, во уште еден обид да Stories ги направат нешто стандардно и нормално на платформата, истите стануваат достапни на бренд страните, односно на Facebook Pages.

Тоа значи дека сите сопственици на Facebook страна, ќе можат истата да им ја направат поинтересна на своите следбеници преку објава на овие кратки „приказни“.

Можноста сѐ уште не е достапна, но истото може да се очекува во наредните недели. Колку брендовите ќе се одлучат да ја користат функција ќе видиме, меѓутоа мислам дека оваа одлука конечно ќе придонесе за зголемување на популарноста на Stories и на Facebook.

За потсетување, доколку има некој којшто не знае што точно се Stories, се работи за функција првпат популаризирана на Snapchat. Истата овозможува објава на слики и видеа на посебен дел од страната на друштвената мрежа, а истите исчезнуваат после 24 часа и не се достапни на главниот профил на корисникот.

Извор: Cnet, TechCrunch

Претходна статијаThe Pirate Bay експериментира со заработка преку „ископување“ криптовалути
Следна статијаHuawei ги претстави Mate 10 и Mate 10 Pro – првите смартфони со вградена вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.