Како што ни е познато на повеќето, Facebook Stories, никогаш не успеаја да ја достигнат ни приближно популарноста на истата функција во Instagram, без разлика што компанијата е сопственик на двете друштвени мрежи.

Stories функција има и во Facebook Messenger под името Messenger Day, а слободно може да се каже дека популарноста на е ништо подобра од таа на Facebook.

Со оглед на овие факти, изгледа нелогично да постојат три места каде што од компанијата имплементираат посебни решенија на Stories, па најновата информација од Facebook е прилично логична.

Facebook Stories и Messenger Day ќе се спојат во една платформа наречена Stories. Сите „приказни“, односно Stories кои корисниците ќе ги објават на една од овие две платформи ќе бидат објавени и на двете места. Тие исто така ќе бидат синхронизирани, што значи дека нема да треба по два пати да се гледаат.

Она што ќе остане различно е камерата, односно нејзините можности кои се прилагодени посебно за Facebook, а посебно за Messenger.

Direct делот којшто беше додатен начин да корисниците комуницираат еден на еден преку Stories на Facebook исто така ќе биде тргнат, па логично овие разговори ќе бидат пренасочени на Messenger. Мене лично не ми беше јасна одлуката да воопшто овој дел биде додаден.

Извор: Facebook, TechCrunch, The Verge

Претходна статијаСкоро секој компјутер со понов Intel процесор е подложен на сајбер напад преку USB
Следна статијаДостапен Firefox 57 Quantum – најголемата промена на прелистувачот во изминатата деценија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.