facebook-slideshow

Facebook за сите корисници на нивната мобилна апликација за iOS донесува една функција од Moments апликацијата која веќе нема да функционира. Се работи за Slideshow функцијата која во основа автоматски креира видео од сликите и видеата на корисникот со цел да ги сподели на социјалната мрежа.

Целата на Slideshow е да им овозможи на корисниците кои имаат доста слики и видеа во одреден период, на поинтересен начин да ги објават на својот профил, наместо стандардно да објават 50-тина слики кои најверојатно ретко кој сака сите да ги види.

Facebook Slideshow се активира автоматски кога корисникот има прикачено најмалку 5 слики или видеа во последните 24 часа и ќе притисне на делот за објава на нов статус. Исто така, корисниците ќе им биде препорачано да ја пробаат функцијата кога ќе гледаат некое такво видео од своите пријатели.

Инаку, Slideshow е направена да биде што е можно поедноставна и брза за користење. Видеото автоматски се креира, а корисниците се што треба да направат е да изберат една од 10-те теми со различна музика и да ги тргнат сликите коишто можеби не би сакале да бидат прикажани.

Дали оваа функција ќе остане ексклузивно на iOS или ќе стане достапна и на Android не е познато, меѓутоа најверојатно истото ќе зависи од популарноста на оваа платформа. Доколку голем број на корисници ја користат, нема зошто да не биде овозможена и за корисниците на Android.

Извор: TechCrunch, The Verge, Engadget

Претходна статијаGoogle ќе претстави целосно свој смартфон годинава?
Следна статија“Project Bloks” на Google ќе им помага на најмалите да научат да програмираат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.