abc-facebook-videos

До пред некоја година Facebook во главно се сметаше за не толку сериозна социјална мрежа која што е наменета за луѓето да ги поставуваат своите стотици слики од одмор, да коментираат на нив и слични работи. Постоеше точно одредена разлика помеѓу оваа мрежа и на пример Twitter која што направи целосно различен концепт и го носеше угледот на мрежа каде што корисниците кои што објавуваат содржина се дури и попаметни.

Facebook во изминатите 2 години активно работи на промена на социјалната мрежа и прераснување на истата во многу повеќе од обично место за споделување на слики и интересни коментари. Тој дел се разбира останува, меѓутоа акцентот се повеќе е ставен во споделувањето на содржина од милионите веб страни на интернет.

Ова е доста важен фактор во заработката која што ја остварува компанијата, а сега во главно доаѓа од реклами. Алгоритамот е константно прилагодуван со цел корисниците на мрежата да дојдат до содржината која што за нив е важна. Дали одредена содржина е важна за одреден корисник се одредува врз основа на работите кои што ги лајкува, клика, споделува, коментира на нив и слично.

За да Facebook продолжи да биде, а и да станува се поважна дестинација на луѓето, тие треба да можат на истата да добиваат не само важна содржина за нив, туку е се повеќе видови на содржина. Со други зборови, Facebook сака да стане главно место на корисниците на интернет, нешто што е сега не е далеку од вистината.

Наредна промена во серијата на промени кои што се воведуваат на Facebook, е давање на поголемо значење на делот наменет за видеа на фан страните, односно на Facebook Pages. Моментално делот за видео содржина е направен слично на албумите за слики, односно истите се прикажани како обични сликички, без некои посебни информации за нив и без нивна организираност.

Промената која што од компанијата планираат да ја воведат за овој дел од страните, ќе го направи да изгледа многу повеќе како YouTube канал. Сопствениците на страните ќе можат да изберат едно главно видео (featured) кое што ќе биде прикажано на најгорниот дел во поголем формат, заедно со опис и коментарите кои што се дел од него.

Остатокот од видеата ќе бидат поделени во неколку категории, а истите ќе бидат прикажани со повеќе информации, како што е должината на видеото, бројот на лајкови, бројот на прегледи и слично.

Тоа значи дека Facebook Pages ќе се обидат да бидат направени и интересно место за луѓето да откриваат и гледаат видео содржина, наместо тоа да го прават на конкурентните сервиси како YouTube и слични.

Како ќе изгледа видео делот моментално може да се види од страната на ABC News, која што е дел од тестирањето на новата функција.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаThe Interview достапен за американските корисници преку Google Play, YouTube и Xbox Video
Следна статијаSamsung го претстави SE790C заоблен монитор за посебно корисничко искуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.